СЕКОВИА претставува Транснационален програм за соработка на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и започна како и што беше предвидено на 1ви октомври 2012. Тој е ко-финансиран од ЕУ и од државите на партнерите учесници во проектот. Проектот се однесува на проблемот на дигиталната поделеност помеѓу терирторијалните администрации на Југоисточна Европа (ЈИЕ). Во моментот ЈИЕ страда од недостаток во обезбедување на услуги на е-влада за граѓаните (G2C) и бизнис заедницата(G2B). Овој кохезиски јаз поставува економски и административни бариери кои го попречуваат пристапот на граѓаните и бизнис заедницата до дигиталните јавни услуги. Како резултат на тоа, регионалниот развој и конкурентноста во ЈИЕ останува неискористен потенцијал кој бара прекугранична акција. Од друга страна, виртуелните ИТ платформи и инфраструктури нудат голем потенцијал во обезбедување на рентабилни, скалабилни дигитални јавни услуги кои ќе го отпочнат регионалниот развој и конкурентност, и како резултат ЕК се залага за заедничка ЕУ Cloud стратегија како средство кое ќе им помогне на владите и граѓаните да пристапуваат и развиваат напредни онлајн услуги.


Во овој опсег СЕКОВИЈА ги промовира заеднички развиените напредни решенија за виртуелна пристапност кои ги вклучуваат географските и социо-економските карактеристики на Југоисточна Европа, користејќи ги придобивките на cloud computing  за подршка на пристапот до заеднички јавни ИТ услуги, ресурси и инфраструктура и со поставување на основа за здружени стратегии, заеднички политики и транснационална соработка во справувањето со дигиталната поделеност помеѓу територијалните администрации.

Примарни цели

  • Проценка на тековната состојба во однос на потребите за виртуелна пристапност, инфраструктури и јавни услуги во ЈИЕ
  • Идентификување, анализа и размена на најдобри практики и оценување на потребите и ставовите на заинтересираните страни во ЈИЕ за заеднички, јавни ИТ услуги, ресурси и инфраструктура
  • Истражување за изводливост, поставување на барањата и  поставување на развоен план на предложениот транснационални провајдер на заеднички виртуелни ИТ ресурси и инфраструктури (IaaS) и интернет-базирани платформи и апликации за дигитални јавни услуги (PaaS/SaaS)
  • Подобрување на јавните и приватните политики за инвестирање
  • Промовирање на јавни консултации, градење консензус и формулирање на заеднички ставови за формирање заеднички, преку-гранични, меѓу-институционални cloud провајдери кои ќе служат на потребите на територијалната администрации
  • Зголемување на вештините на вработените и правниците на јавната администрација